наука и технологија

Турските лекари пионери во нов метод на трансплантација на црниот дроб

„Нашиот нов метод им овозможува на луѓето чијшто црн дроб (обично) е премногу мал за трансплантација, да бидат донори“

Ali Murat Alhas  | 26.06.2019 - Обновена : 27.06.2019
Турските лекари пионери во нов метод на трансплантација на црниот дроб

АНКАРА (АА) - Турските лекари развија метод кој им овозможува на луѓето со помал црн дроб да бидат донори и истовремено го намалува нивниот оперативен ризик, зголемувајќи ја надежта за примателите.

„Нашиот нов метод им овозможува на луѓето чијшто црн дроб (обично) е премногу мал за трансплантација, да бидат донори“, изјави за Anadolu Agency (AA), лекарот Дениз Балџи од Медицинската школа на Универзитетот во Анкара.

Балџи истакна дека новата техника се базира на две одделни фази. Во првата фаза, некои делови од црниот дроб на примателот се отстрануваат, а потоа помалиот дел од црниот дроб на донорот се вметнува кај примателот.

„Откако трансплантираниот црн дроб природно порасне во телото на примателот, по три до четири недели, ги отстрануваме болните делови од црниот дроб на пациентот“, рече тој.

Овој нов метод има предности и за донорот и за примателот, бидејќи донорот дава само една третина од својот црн дроб, за разлика од традиционалните методи за кои се потребни две третини од органот.

„Новиот метод ја прави операцијата четири до петпати побезбедна за донорот“, додаде тој.

„Овој метод, исто така, има огромно значење за примателот“, рече тој, истакнувајќи дека пациентите кои имаат само еден член на семејството кои би можеле да донираат црн дроб, ќе имаат поголеми шанси“, нагласи доктор Балџи.

Тој додаде дека досега новиот метод покажал голем успех.

На Донсел Јениџе (48), мајка на три деца, која има дијабетес, ѝ беше извршена трансплантација на црн дроб со новата техника.

„Мојата операција помина прекрасно, се чувствувам одлично! Сакам да живеам среќно со моите деца по целосното заздравување“, рече таа.

Нејзиниот сопруг Халит Јениџе рече: „Дојдовме [во болница] пеш, и ќе си одиме пеш.“


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.