Hayati Akçay
26 Јуни 2019•Ажурирај: 28 Јуни 2019
ОРДУ (АА) - ХАЈАТИ АКЧАЈ -
Откако за првпат е откриен на територијата на турската област Орду во 1993 година, по петгодишно истражување, лилјанот Мис/Аккуш е заведен во литературата и за секој скинат корен, сторителот ќе биде казнет со по 60.000 турски лири (околу 9.200 евра).
Областа Орду има богата флора и е домаќин на над 1.700 заведени видови растенија, од кои 130 се ендемски. Љубителите на цветната флора доаѓаат во подрачјето на местото Аккуш, каде што во руралните делови, во јуни, во полна убавина цвета лилјанот Мис/Аккуш, чиј цвет трае од 15 до 20 дена.

Со цветањето на ова цвеќе кое е под заштита на Дирекцијата за стопанисување со шуми, во подрачјето започна да пристигнуваат голем број фото-ентузијасти.
Директорот за стопанисување со шумата Аккуш, Сонер Јилмаз, за АА изјави „Потврдено е дека лилјанот Мис/Аккуш расте само во подрачјето Аккуш, а за првпат е фотографирано од двајца научници во 1993 година.“
Директорот Јилмаз информираше дека по откривањето на ендемскиот вид, следуваат научни трудови, според кои во 1998 година ова цвеќе е заведено во литературата под латинското име „Lilium Akkusianum“.
Јилмаз рече дека лилјанот Мис/Аккуш достигнува висина од 1,5 метар и дека во овие летни месеци почнува да цвета, воодушевувајќи ги сите оние што ќе имаат можност да го видат неговиот цвет. Тој додаде дека според климатските услови, цветот може да опстои од 15 до 20 дена.

Јилмаз соопшти дека ова растение се наоѓа на 2.000 метри надморска височина, и дека може да се најде во поголемиот дел на шумските полиња.
- За секој корен казната е 9.200 евра -
Јилмаз, истакнувајќи дека Генералната дирекција за шумарство ги задолжила провинциските единици за заштита на сите шуми, продолжи со зборовите „Едно од растенијата што ги заштитивме е лилјанот Мис/Аккуш. Ова растение, впрочем, се наоѓа под заштита бидејќи тоа е ендемски вид. Доколку се скине коренот на овој лилјан или пак се промени неговата местоположба, казната е 60.000 лири [околу 9.200 евра]“.
Директорот Јилмаз упати повик до граѓаните „Локалното население треба веднаш да нѐ извести нас или спроведувачите на законот, доколку покрај овие растенија забележат странци или сомнителни поединци. Во никој случај не смеат да дозволат ова растение да биде оштетено или пак пренесено на друго место.“