Турција

Маалски фестивал на лизгање во Турција: Oколу 100 луѓе се лизгаа во еден ред на снегот во Орду

- Лизгајќи се истовремено по снегот на најлонски вреќи, учесниците приредија моменти исполнети со смеа и добра атмосфера

Hayati Akçay  | 19.01.2026 - Обновена : 19.01.2026
Маалски фестивал на лизгање во Турција: Oколу 100 луѓе се лизгаа во еден ред на снегот во Орду

ОРДУ (АА) – Во Општината Kумру, во турската област Орду, околу 100 лица истовремено се лизгаа по снег во еден ред, создавајќи моменти исполнети со радост, јавува Анадолу.

Општина Кумру го организираше четвртиот по ред маалски фестивал на лизгање во населбата Физме. Учесниците, со сопствени средства, направија импровизирана патека и се подредија во еден ред.

Лизгајќи се истовремено по снегот на најлонски вреќи, учесниците приредија моменти исполнети со смеа и добра атмосфера.

Градоначалникот на Кумру, Јусуф Јалчува, во објава на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, во сопственост на американската компанија „Мета“, истакна дека настанот е еден од најубавите примери на маалска култура.

Посочувајќи дека интересот за фестивалот од година во година расте, Јалчува нагласи: „Сликата што ја гледаме денес е најдобар одраз на маалската култура, добрососедските односи и топлата солидарност.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.