Satuk Buğra Kutlugün
31 Јули 2016•Ажурирај: 01 Август 2016
ОРДУ (АА) - Во терористички напад врз безбедносните сили загинаа тројца турски војници, а двајца беа повредени, за време на денешните воени операции против терористичката организација ПКК на брегот на Црното Море, во северна Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Ирфан Балканлиоглу, гувернер на провинцијата Орду, за АА изјави дека терористите отвориле оган врз војниците за време на анти-терористичката операција која е во тек. Нападот се случил во шумска област јужно од крајбрежниот град Орду.
„За жал, тројца војници загинаа, а двајца се повредени. Командантот на провинциската жандармерија пристигна на местото на настанот. Во присуство на нашите безбедносни сили и на нашиот народ, терористите не можат да најдат засолниште во нашиот регион”, рече Балканлиоглу.
ПКК, која е прогласена за терористичка организација во Турција, САД и Европската унија, во јули 2015 година, ја продолжи својата вооружена кампања против турската држава.
Од тогаш загинаа околу 600 припадници на безбедносните сили на Турција. Во операциите ширум Турција и во северен Ирак убиени се над 7.000 терористи на ПКК.