10 Октомври 2019•Ажурирај: 11 Октомври 2019
СТОКХОЛМ (АА) - Полската писателка Олга Токарчук е прогласена за добитничка на Нобеловата награда за книжевност за 2018 година, додека наградата за 2019 година му припадна на австрискиот писател Петер Хандке, објави Шведската академија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Токарчук наградата ја доби поради „наративна имагинација која со енциклопедиска страст го претставува преминувањето на границите како форма на живот“.
На Хандке му беше доделена Нобелова награда за „влијателно творештво кое со јазична генијалост ја истражува периферијата и специфичноста на човековото искуство“.
Минатата година објавувањето на добитникот на Нобеловата награда беше одложено поради скандалот со сексуално злоставување. Станува збор за скандал во кој сопругот на еден од членките на Академијата е уапсен за силување.
Оваа недела 11 лица ќе бидат прогласени за добитници на Нобеловата награда, десет мажи и една жена. Утре ќе биде прогласувањето на добитникот на Наградата за мир, а в понеделник за економија.
На свеченоста која ќе се одржи на 10 декември во Стокхолм, на лауреатите ќе им биде доделена парична награда, златен медал и диплома.