наука и технологија

Нобеловата награда за физика доделена на тројца научници

Нобеловата награда за физика се доделува од 1901 година, и досега ја добиле 209 научници

Fatih Hafız Mehmet  | 08.10.2019 - Обновена : 09.10.2019
Нобеловата награда за физика доделена на тројца научници

АНКАРА (АА) - Овогодишната Нобелова награда за физика им е доделена на тројца научници: Џејмс Пиблс, Мајкл Мејор и Дидиер Квелоз, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Нобеловата награда за физика за 2019 година е доделена на Џејмс Пиблс (една половина) за теоретските откритија во физичката космологија, а другата половина заедно ја делат Мајкл Мејор и Дидиер Квелоз за откривање на егзопланета која орбитира околу ѕвезда од соларен тип“, објави телото за доделување на Нобеловата награда на Твитер.

Се истакнува дека Џејмс Пиблс е лауреат во однос на истражувањата за космосот, со своите милијарди галаксии и галактички јата.

„Неговата теоретска рамка, развиена во текот на две декади, претставува основа на нашето современо разбирање на историјата на универзумот, од Биг Бенг до денес“, се истакнува во написот.

Другите двајца лауреати ја истражуваа нашата галаксија, Млечниот Пат, во потрага по непознати светови.

Од Собранието за доделување на Нобеловата награда истакнуваат дека Мајор и Квелоз во 1995 година го направија првото откритие на планета надвор од нашиот Соларен Систем - егзопланета, која орбитира околу ѕвездата од соларен тип - 51 Pegasi.

„Откритието од лауреатите на Нобеловата награда за 2019 година, Мајкл Мејор и Дидиер Квелоз, започна револуција во астрономијата и оттогаш се пронајдени над 4.000 егзопланети во галаксијата Млечен Пат. Сè уште се откриваат чудесни нови светови, со неверојатни големини, форми и орбити.“

Џејмс Пиблс е канадско-американски физичар и теоретски космолог кој е почесен професор по наука на Универзитетот „Принстон“.

Мејор и Квелоз се шведски научници кои ги проучуваа егзопланетите користејќи различни техники како мерење на движењата на ѕвездите и намалувањето на нивната светлина додека планетите орбитираат околу нив.

Нобеловата награда за физика се доделува од 1901 година, и досега ја добиле 209 научници.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın