Ekipa
04 Октомври 2017•Ажурирај: 05 Октомври 2017
СТОКХОЛМ (АА) - Тројца научници од Соединетите Американски Држави (САД), Велика Британија и од Швајцарија се добитници на Нобеловата награда од областа хемија. Наградата е доделена за развој на крио-електронската микроскопија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Паричната награда во висина од 9 милиони шведски круни (околу 1,1 милион долари) ќе ја поделат научниците Жак Дубоше, Јоаким Франк и Ричард Хендерсон.
Овие тројца научници се наградени поради нивиот напредок во проучувањето на ситните делови од елементите врз кои се заснова животот.
Шведската кралска академија на науките соопшти дека методот на овие научници, крио-електронската микроскопија им овозможува на истражувачите да ги замрзнат биомолекулите и да ги визуелизираат процесите, кои никогаш порано не се видени“.
Утре ќе биде прогласен добитникот или добитниците на Нобеловата награда на полето на книжевноста, а в петок за наградата за мир.
Нобеловата награда за хемија е една од нобеловите награди кои се утврдени според тестаментот на Алфред Нобел од 1895 година. Нобеловата награда се доделува за исклучителен и значаен придонес на полето на хемијата, физиката, книжевноста, филологија или медицината и за особен придонес за светскиот мир.
Првата Нобелова награда за хемија во 1901 година ја доби холандскиот хемичар Јакоб Хенрик вант Хоф, за трудот „Откритие на законот за хемиска динамика и осмотски притисок во растворите“.