ЊУЈОРК (АА) - Американскиот технолошки гигант „Google“ (Гугл) ги претстави своите нови паметни телефони „Pixel 2“ и „Pixel 2 XL“, новиот лаптоп, како и разни гаџети на настанот што се одржа во Сан Франциско, во Калифорнија, јавува Anadolu Agency (AA).
Петинчниот (12,7 см) „Pixel 2“ и 6-инчниот (15,2 см) „Pixel 2 XL“ имаат 4 GB RAM и имаат опции од 64 GB или 128 GB внатрешна меморија.
Двата телефона имаат задна камера од 12,2 мегапиксели и предна камера од 8 мегапиксели, која доби рејтинг од 98 од вкупно 100, од глобалниот дигитален провајдер за квалитет на сликата DxOMark, како и највисоки оценки во севкупниот квалитет на камерите на паметни телефони во светот.
„Pixel 2“ и „Pixel 2 XL“, двата модела отпорни на вода и на прашина, се одликуваат со трајност на батеријата од 7 часа по само 15-минутно брзо полнење“, велат од „Google“.
Функцијата „Секогаш на екранот“ на телефоните покажува време, час и траење на батеријата, додека почетниот екран е исклучен, но што е уште поважно, покажува која песна е во тек во заднина, преку детектирање и препознавање на песната без да се поврзе со клауд серверите.
Технологијата „Active Edge“, исто така им овозможува на корисниците да го користат гласовно-активниот „Google Помошник“, со допирање на екранот на телефонот додека корисниците го држат во дланките.
Двата телефона исто така ја поддржуваат Аугментираната реалност (AR), со којашто корисниците можат да ги користат „AR налепниците“ за да додаваат анимации на своите слики и видеа во реалноста.
Функцијата „Smart Lens“ им помага на корисниците да доловуваат специфични информации на сликата, како телефонски број, и да ја зачуваат. Функцијата исто така им помага на корисниците да бараат специфичен дизајн, боја или спецификација на фотографија во интернет-базата на податоци на „Google“, за да добијат повеќе информации.
„Pixel 2“ е достапен во бела, црна и во сина боја за 649 долари, додека „Pixel 2 XL“ ќе биде достапен во црна и во црно-бела опција, за износ од 849 долари.
Купувачите кои ќе купат кој било од моделите ќе можат да користат „Google Photos“ и „Google Drive“ неограничено бесплатно, за да ги зачуваат своите фотографии и видеа, нагласуваат од „Google“.
- Новиот лаптоп на „Google“ е тенок и лесен -
„Google Pixelbook“, новиот лаптоп на компанијата, може да се користи и како таблет. Има дебелина од само 10 милиметри и тежи само еден килограм.
It is the company's first laptop that supports voice-activated Google Assistant, and will run on Chrome OS operating system.
Тоа е првиот лаптоп на компанијата кој поддржува говорно активиран „Google Assistant“, и ќе работи на оперативниот систем „Chrome“.
Лаптопот ќе има 12,3-инчен (312,4 см) 235 ppi Quad HD LCD екран.
Ќе содржи „Intel i5“ или „i7“ процесор и може да се надгради до 16 GB RAM и 512 GB хард диск.
Почетната цена на „Google Pixelbook“ е 999 долари и може да се користи со помош на паметно пенкало, „Google Pixelbook Pen“, кое ќе се продава за 99 долари.
- Други паметни уреди -
Еден од највозбудливите гаџети на „Google“ претставен вчера беше мала преносна камера наречена „Google Clips“.
Овој гаџет, кој може да се носи в џеб, може да биде прикачен за речиси што било во домот, и да ги доловува значајните моменти на корисниците, без потреба за клик на блендата.
Технологијата на вештачка интелигенција (AI), со којашто особено се гордее „Google“, ѝ овозможува на камерата да препознае одредени луѓе, нивните изрази на лицето и е во постојана фаза на учење на најважните моменти во животот на корисникот.
„Таа прави снимки на луѓе што ги познавате, и ѝ помагате на камерата да научи кој ви е важен“, рече менаџерот за производи на „Google“, Џастон Пејн, на настанот.
„Целото учење на машината се случува на самиот уред“, рече тој, додавајќи дека корисниците подоцна можат да изберат да ги задржат или да ги избришат сите зачувани фотографии и видеа на уредот.
„Google Clips“ ќе се продава за цена од 249 долари.
Компанијата, исто така, претстави нови паметни звучници кои се поврзуваат со паметниот персонален асистент „Google Assistant“ за да прима гласовни команди, да пушта музика.
Од трите паметни звучници, „Google Home Mini“ ќе биде достапен за 49 долари, „Google Home“ за 129 долари, а „Google Home Max“ ќе се продава за 399 долари.
Компанијата, исто така, го најави својот нов сет за виртуелна реалност „Google Daydream View“, кој ќе биде достапен за 99 долари.
И, на крајот, новите безжични слушалки на компанијата, „Google Pixel Buds“, ќе обезбедат директен превод меѓу јазиците за корисниците, рекоа од „Google“. Слушалките ќе бидат достапни за цена од 159 долари.