Aliia Raimbekova
09 Октомври 2017•Ажурирај: 10 Октомври 2017
АСТАНА (АА) - Казахстанските археолози ја завршија првата фаза од реставрацијата и ја отворија за посетители пирамидата којашто минатата година беше откриена во Караганда и за која се смета дека е за илјада години постара од пирамидите во Египет, јавува Anadolu Agency (AA).
„Реставрацијата е завршена, а на туристичката мапа на Казахстан е додаден уште еден историски бисер. Процесот на археолошките истражувања продолжува“, изјави лидерот на археолошкиот тим, Виктор Новоженов.
Научниците ja открија пирамидата уште пред две години, а минатата година и на јавноста ѝ открија дека постојат остатоци на пирамидата, која во далечените предели на Казахстан е изградена 3.000 години пред новата ера.
„Таа била изградена во Сариарка, во времето на локалниот фараон, лидер на моќно племе, и датира од доцното бронзено доба“, изјави археологот Новоженов.