Emre Karaca
08 Октомври 2019•Ажурирај: 09 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Во истражувањето спроведено во Соединетите Американски Држави (САД) со употреба на телескопот „Субару“ на Хаваите, откриени се 20 нови сателити на Сатурн со дијаметар од 5 километри, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста што ја објави „Би-би-си“ (BBC), научниците откриле дека од 20-те сателити, 17 сателити се движат во обратна насока во орбитата на Сатурн.
Два од сателитите што се движат во иста насока како и планетата Сатурн, целата орбита ја минуваат за период од 2 години, а сателитот со најдолга орбита околу Сатурн, еден круг изведува за повеќе од 3 години.
Скот Шепард од Научниот институт при Универзитетот „Карнеги“ во Вашингтон истакна дека последното откритие во голема мерка ќе помогне во откривањето на фазата на создавањето на Сатурн.
Шепард истакна дека вообичаено, ваквиот тип вселенски парчиња се привлечени од гравитацијата на планетата и стануваат дел од неа, но голема е веројатноста новооткриените сателити да потекнуваат од периодот на првото создавање на Сатурн и да навлегле во неговата орбита кога почнало исчезнувањето на облаците полни со гас и прашина, останувајќи во орбитата како негови сателити.
Шепард вели дека новите откритија покажуваат дека на Сатурн има и други сателити, при што подвлече дека за откривање на тие сателити се потребни понапредни телескопи.
Од 1990 година досега Јупитер е познат како планета со најголем број сателити.