Најголемиот светски саем за потрошувачка електроника CES 2026 започна во Лас Вегас
Саемот ќе прикаже иновативни производи и решенија во области како што се вештачката интелигенција, роботиката, модата, дигиталното здравство, мобилноста, енергијата...
ЛАС ВЕГАС (AA) – Во Лас Вегас, Соединетите Американски Држави (САД), синоќа започна CES 2026, најголемиот светски саем за потрошувачка електроника, кој во наредните четири дена ќе ги претстави најновите технолошки достигнувања на светските компании и иновативните стартапи, јавува Анадолу.
CES 2026, како еден од најзначајните технолошки саеми во светот, собра илјадници посетители, меѓу кои владини претставници, извршни директори од индустријата, инвеститори и претставници на меѓународните медиуми, кои ќе имаат можност одблизу да се запознаат со технологиите од следната генерација.
Саемот ќе прикаже иновативни производи и решенија во области како што се вештачката интелигенција, роботиката, модата, дигиталното здравство, мобилноста, енергијата, пристапноста, како и многу други сектори, отворајќи простор за нови глобални соработки.
Од хуманоидни роботи и носливи уреди, преку технологии за автономно управување, до паметни апарати за домот, посетителите ќе можат да видат бројни иновации што се очекува да ја обликуваат иднината на технологијата.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
