İdris Sülün
25 Август 2021•Ажурирај: 29 Август 2021
АНКАРА (АА) - Американската вселенска агенција (НАСА) објави панорамски фотографии од Марс, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Весникот „Хил“ (Hill) објави дека станува збор за фотографии изработени во јули, кои минатата недела се донесени со вселенско возило „кјуриосити“.
Фотографиите изработени во јули ја прикажуваат ридската и груба површина на Црвената Планета која е оддалечена 392 милиони километри од Земјата.