Riyaz Khaliq Khaliq
25 Ноември 2021•Ажурирај: 25 Ноември 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Кина денеска во вселената испрати нов сателит, јавува Агенција Анадолија (АА).
Сателитот „Шијан-11“ беше испратен во вселената од Центарот за лансирање сателити „Џиукван“ во северозападна Кина, пренесуваат државните медиуми.
Домашно изградената ракета-носач „Куаижу-1А“ успешно го премести сателитот до планираната орбита.
Тоа беше 13. лет од ракетната серија „Куаижу-1А“.
„„Шијан-11“ е изграден за тестирање, но целта на најновата мисија на сателитот сè уште не е откриена“, објави државната телевизија ЦГТН (CGTN).
Последниот сателит „Шијан“, „Шијан-10“, „не работеше како што беше планирано откако беше успешно лансиран во планираната орбита“.
„Куаижу-1А“ е ракета со мала големина која има голема брзина на распоредување и е дизајнирана и произведена од Кинеската корпорација за аерокосмичка наука и индустрија.
Ова беше второ лансирање на сателит од Кина оваа недела.
Кина во вторникот испрати во вселената сателит за набљудување на Земјата од истиот центар за лансирање сателити „Џиукван“.
Сателитот го носеше ракетата „Лонг марч-4Ц“ и успешно влезе во планираната орбита.
Се очекува дека сателитот ќе помогне да се подобрат способностите за следење на набљудувањата на морските бродови, како и следењето на вонредни ситуации на море и природната средина копно-море.
Тоа беше 398. лет на ракетите „Лонг марч“.