Zeynep Çelikkol
28 Ноември 2021•Ажурирај: 30 Ноември 2021
ИЗМИР (АА) - Турски постдипломец кој своето образование го продолжил во Германија заедно со неговиот пријател Германец развија систем на камера со вештачка интелигенција што може да го одреди заморот на возачите преку нивните изрази на лицето, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Толга Варол и Роман Притков добија 1,5 милиони долари од ЕУ-фондовите за нивниот пронајдок“, се вели во соопштението на Универзитетот за економија во Измир, каде што Варол дипломирал.
Варол истакна дека поголемиот дел од сообраќајните несреќи се резултат на грешка на возачот, и дека поради тоа камерата се стреми да го реши тој проблем.
Според Варол, изразите на лицето и гестовите, или должината на времето во кое очите на возачот се затвораат може да варираат при патувањето, што го одразува заморот. Системот на камерата ги забележува таквите промени кај возачот и го предупредува.
„Додека е во употреба, системот акумулира значителна база на податоци за вообичаените навики за возење на возачот со цел да помогне да се намали ризикот од човечка грешка“, објаснува Варол.