наука и технологија

Извештај: Вештачката интелигенција во здравството носи ризици за пациентите

„Односот лекар - пациент мора да остане човек со човек“

Şeyma Erkul Dayanç  | 27.03.2026 - Обновена : 27.03.2026
Извештај: Вештачката интелигенција во здравството носи ризици за пациентите

ИСТАНБУЛ (АА) – Употребата на вештачка интелигенција (ВИ) во здравството може да претставува ризик за пациентите поради недоволна правна заштита, предупреди Националниот совет за лица со попреченост (CSNPH) во извештајот објавен вчера, јави „Брисел тајмс“, пренесува Анадолу.

„Односот лекар - пациент мора да остане човек со човек“, нагласи Советот, истакнувајќи дека човечкиот фактор не смее да биде заменет со технологија.

Иако во моментов лекарите имаат надзор над одлуките донесени со помош на ВИ, од ЦСНПХ предупредуваат дека со текот на времето може да се создаде рутина на прекумерно потпирање на оваа технологија.

Во извештајот се повикува на воспоставување централизирани системи за валидација на медицинската вештачка интелигенција, како и задолжително тестирање за пристрасност, со цел да се спречи дискриминација на одредени групи пациенти.

Советот предлага и изработка на етичка повелба, нагласувајќи ја потребата од строга методологија, разновидни податоци за обука и поголема транспарентност во развојот на системите со вештачка интелигенција.

Дополнително, се истакнува дека соодветната обука на здравствените работници е клучна за безбедна и ефективна примена на новите технологии.

ЦСНПХ заклучува дека европскиот Закон за вештачка интелигенција (AI Act) треба да биде дополнет со посебни регулативи за здравствениот сектор, со цел адекватно да се одговори на овие предизвици.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.