Mehmet Selçuk Güçlü
10 Февруари 2025•Ажурирај: 12 Февруари 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Глобалниот пазар на вештачка интелигенција (AИ) во здравството ќе надмине 200 милијарди долари, со годишна стапка на раст од 40 отсто, изјави турскиот заменик-министер за здравство, Шуајип Биринџи, за Анадолу.
Toj изјави дека Туркије е една од земјите „која ќе има свој збор“ на пазарот на АИ во здравството.
Тој рече дека Туркије собира здравствени податоци веќе години наназад, додека многу други земји штотуку почнале со тоа, нагласувајќи ја способноста на земјата во дигиталното здравство.
Тој истакна дека Туркије има голема предност во развојот на решенија за АИ кои автономно функционираат во превентивните здравствени апликации.
„За да го постигнеме ова, ни се потребни вредни податоци, но Туркије е во позиција да развива АИ-апликации кои ќе знаат како докторот би пристапил кон некоја болест“, рече Биринџи.
„Веќе сме пред многу земји во Европа, а кога станува збор за интегрирање на граѓаните во дигиталниот здравствен екосистем, земјите кои се сметаат дека се ‘над нас’ имаат популација еднаква на бројот на пациенти што ги опслужува една од нашите болници за шест месеци“, додаде тој.
Биринџи изјави дека напредокот на Туркије во оваа област ја става земјата пред многу други, благодарение на веќе дигитализираните здравствени податоци кои се собираат од граѓаните.
„Дали сè уште имаме недостатоци? Да, учиме додека напредуваме. Но досега не сме се соочиле со дигитална катастрофа, и тоа е нешто што светот го гледа со завист“, изјави тој.
„Апликациите што ги создадовме се прогласени за ‘најдобра практика’ во светот, и сакаме да го задржиме овој статус и да бидеме рангирани први во светот“, додаде Биринџи.
Тој нагласи дека при постигнувањето на оваа цел не смеат да се прекршат етичките принципи.
„Поддршката од многу луѓе во секторот и политичките институции, како и проширувањето на апликациите на е-Влада, ја олеснуваат нашата работа. Ова е тимска работа за користење и управување со овие дигитални системи, и досега успешно ја завршивме. Се надевам дека така ќе продолжиме“, изјави Биринџи.