Seyit Ahmet Aytaç
23 Октомври 2018•Ажурирај: 24 Октомври 2018
МЕРСИН (АА) - Во јужниот крајбрежен турски град Мерсин во насип е ископан и пронајден антички печат кој датира од пред 9.000 години, јавува Anadolu Agency (AA).
Печатот, кој датира од 7.000 година пр.н.е., беше откриен во ископувањата во Јумуктепe, лоциран четири километри западно од центарот на градот.

За време на ископувањата во насипот кои траaт два и пол месеци, тимот од 25 археолози, предводен од професорката по археологија на италијанскиот Универзитет „Лече“, Изабела Канева, пронашле врв од стрела од неолитскиот период и исто така, голем број каменчиња за праќка.

„Пронајдовме печат кој датира од пред 9.000 години. Печатот е приватна сопственост. Има геометриски шари на него“, вели Канева.
Таа додаде дека тимот за време на ископувањата се здобил со важни и корисни информации во врска со историјата на регионот.