наука и технологија

Во Јапонија ќе се тестира роботот кој ќе ги отстранува остатоците од нуклеарно гориво во „Фукушима“

Доколку го помине тестот, роботот ќе биде испратен во градот Нараха во близина на централата „Фукушима“ на почетокот на 2022 година каде што ќе се користи за симулирање на отстранувањето на остатоците од гориво во реакторите

Ahmet Furkan Mercan  | 16.07.2021 - Обновена : 17.07.2021
Во Јапонија ќе се тестира роботот кој ќе ги отстранува остатоците од нуклеарно гориво во „Фукушима“

ТОКИО (АА) - Во Јапонија ќе се тестира роботот што ќе ги отстранува остатоците од горивото во реакторите на Нуклеарната централа „Фукушима“, кои беа оштетени од земјотресот во 2011 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според веста што ја објави Јапонската агенција „Кјодо“, робот од британско производство донесен е во Јапонија со еден од најголемите карго авиони во светот. Роботот ќе помине низа тестирања на перформансите во фабриката во градот Кобе, во јапонската префектура Хјого.

Доколку го помине тестот, роботот ќе биде испратен во градот Нараха во близина на централата „Фукушима“ на почетокот на 2022 година каде што ќе се користи за симулирање на отстранувањето на остатоците од гориво во реакторите.

„Токио електрик пауер“ (TEPCO), операторот на Нуклеарната централа „Фукушима“ има за цел следната година да започне со активности за отстранување на остатоците од нуклеарното гориво.

TEPCO и јапонската Влада планираат да започнат активност за отстранување на остатоците првенствено од реакторот бр. 2.

Отстранувањето на високорадиоактивните остатоци се смета за една од најпредизвикувачките задачи во процесот на деактивирање на централата.

По земјотресот што го потресе североисточниот дел од Јапонија во март 2011 година и цунамито што следуваше, дојде до нуклеарно топење на реакторите 1, 2 и 3 на електраната „Фукушима“.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.