наука и технологија

Фосил на риба стар 95 милиони години пронајден во Мексико

„Претходно се веруваше дека рибите доаѓале од Европа и мигрирале во овој регион на Америка. Сепак, сега гледаме дека најстарите и најпримитивни риби се во овој регион“

Sinan Doğan  | 14.07.2021 - Обновена : 15.07.2021
Фосил на риба стар 95 милиони години пронајден во Мексико Фото: Илустрација/АА

БОГОТА (АА) - Во Мексико е откриен фосил на досега непознат вид риба, за кој се проценува дека датира од пред 95 милиони години, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Се проценува дека рибата, чиј фосил е пронајден во каменолом во мексиканската држава Чијапас на југоистокот на земјата, живеела на американскиот континент во ист период со диносаурусите.

Наведувајќи дека пронајдениот фосил ѝ припаѓа на вид риба од американското подрачје, истражувачите изјавија: „Пронајдениот фосил е риба со многу боцки на грбните и аналните перки. Станува збор за досега неидентификуван вид риба кој живеел пред околу 95 милиони години, т.е. од истиот период како и диносаурусите.“

Клејтон Магно Канталис, палеоеколог од Националниот автономен универзитет во Мексико, истакнувајќи дека овој вид, кој го нарекоа Choichix alvaradoi, е нов вид риба за светот, појасни: „Само едно животно има таква структура. Пронајдовме дел од коскениот кафез на оваа извонредна риба која изгледа чудно, во кој се наоѓа црниот дроб.“

Забележувајќи дека потеклото на пронајдениот вид е Мексико, Канталис рече: „Претходно се веруваше дека рибите доаѓале од Европа и мигрирале во овој регион на Америка. Сепак, сега гледаме дека најстарите и најпримитивни риби се во овој регион.“




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın