Emel Öz
16 Декември 2021•Ажурирај: 20 Декември 2021
АНКАРА (АА) - Благодарение на возилото за истражување „Персеверанс“, испратено од американската Национална аеронаутичка и вселенска агенција (НАСА), утврдено е дека карпите во кратерот Језеро на Марс се од вулканско потекло, пренесува Агенција Анадолија (АА)
Во соопштението на НАСА се наведува дека благодарение на „Персеверанс“, дошле до информации за тоа како настанале најстарите карпи во кратерот Језеро на Марс.
Научниците, заклучувајќи дека карпите во кратерот се од вулканско потекло и дека се формирани од стара лава, истакнаа дека ова откритие ќе даде нови информации за историјата на Сончевиот Систем.
Научниците, исто така, заклучија дека карпите во кратерот многупати имале интеракција со вода, додека некои од нив содржеле органски молекули.
Возилото за истражување „Персеверанс“ е направено во лабораторијата за млазен погон на НАСА во Калифорнија и работи со плутониумско гориво.
„Персеверанс“ слета на Марс на 18 февруари, околу седум месеци по лансирањето на 30 јули 2020 година.
За реализација на новата мисија на „Персеверанс“, кое има најнапредни технолошки карактеристики меѓу возилата испратени на Марс, потрошени се 2,4 милијарди долари за инфраструктурните работи, а 300 милиони долари се потрошени за системот што овозможува слетување и управување со возилото.