наука и технологија

Турската социјална мрежа NSosyal воведе нови функции

- NSosyal беше лансирана во јули 2025 година од Фондацијата „Турски технолошки тим“ (T3 Vakfi) во соработка со компанијата „Бајкар технолоџи“, првично под името Next Sosyal

Selçuk Uysal  | 25.12.2025 - Обновена : 25.12.2025
 Турската социјална мрежа NSosyal воведе нови функции

ИСТАНБУЛ (AA) – Социјалната мрежа NSosyal, со седиште во Турција, воведе низа нови функции за своите корисници, меѓу кои најзначајна е долгоочекуваната опција за објавување „приказна“ (story), соопшти компанијата, јавува Анадолу.

Според најновите белешки за ажурирање во продавниците за апликации, клучните подобрувања насочени кон креирање содржини и интеракција вклучуваат „приказна“ режим, можност за вклучување или исклучување одговори на објави, пребарување на објави директно во корисничкиот профил, како и опција за закачување до три објави на почетокот од профилот.

Дополнителните ажурирања опфаќаат формулар за аплицирање за верифициран профил, можност за пребарување на листите на следбеници и следени профили, како и вградени поставки за промена на корисничко име, е-пошта и лозинка. Корисниците добија и опција за деактивирање на профилот, заедно со подобрени менија за полесна навигација низ апликацијата.

Подобрен е и системот за сечење и скалирање на фотографиите на профилот, со цел поудобно и поквалитетно корисничко искуство.

NSosyal беше лансирана во јули 2025 година од Фондацијата „Турски технолошки тим“ (T3 Vakfi) во соработка со компанијата „Бајкар технолоџи“, првично под името Next Sosyal.

По лансирањето, платформата за кратко време надмина еден милион корисници, позиционирајќи се како една од најбрзо растечките домашни социјални мрежи во Турција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.