Salih Okuroğlu
02 Март 2023•Ажурирај: 04 Март 2023
КЕЈП КАНАВЕРАЛ (AA) - Американската компанија за производство на ракети „Спејс икс“ испрати четворица астронаути на Соединетите Американски Држави (САД), Русија и Обединети Арапски Емирати (ОАЕ) на Меѓународната вселенска станица во рамки на мисијата на НАСА, пренесува Анадолу.
Вселенското летало, во кое се наоѓаа двајца американски астронаути, еден руски космонаут и еден астронаут од ОАЕ, беше лансирана во 00:34 часот по локално време од Вселенската станица „Кенеди“ за мисијата „Кру-6“ на НАСА.
Астронаутите се очекува да останат во вселенската станица околу 6 месеци.
Лидерот на екипата астронаути, Стивен Боувен, рече дека добро се координираат како екипа и дека е прекрасно да лета со овој тим.
Се истакнува дека новиот тим се очекува да ја преземе мисијата од астронаутите кои од октомври минатата година се наоѓаат на Меѓународната вселенска станица.