Ahmet Furkan Mercan
27 Мај 2021•Ажурирај: 31 Мај 2021
ТОКИО
Јапонската фирма за електроника „Сони“ соопшти дека во рамки на новата работна стратегија има за цел да постигне 1 милијарда корисници на глобално ниво, вклучувајќи ги и секторите на игри, анимирање и забавната индустрија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Сони“ има цел за шестпати да го зголеми бројот на своите корисници преку инвестирање на околу 18 милијарди долари до март 2024 година во рамки на новата работна стратегија.
„Бројот на нашите корисници кој моментално изнесува 160 милиони лица, сакаме да го зголемиме на 1 милијарда“, истакна Јошида Кеничиро, претседателот и главен извршен директор на „Сони груп“.
Тој укажа на важноста на новите технологии во постигнувањето на целта во рамки на работната стратегија.
„Технологијата е важна од аспект на произведување содржини и тоа треба да им се нуди на клиентите“, додаде тој, давајќи сигнал за соработка и со фирмите надвор од „Сони“.