Ekipa
10 Октомври 2016•Ажурирај: 10 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Во соопштението на Генералштабот на турската армија се вели дека елементите на Tурските вооружени сили (ТВС) и безбедносните сили спроведуваат ефикасни и сеопфатни акции на целата територија на Турција, во борбата против тероризмот, и овие акции ќе продолжат со голема упорност и одлучност, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението се наведува дека во рамките на борбата против тероризмот, од 29 август досега, на целата територија на Турција неутрализирани се 537 терористи – 417 загинати, а останатите се ранети и заробени.
Притоа, запленети се минофрлачи, проектили, големокалибарски ДШК митралези и големо количество муниција.
Во операциите загинаа 88 војници, додека 152 се ранети.
- Спречени подготовките за зима на сепаратистичката организација -
Во соопштението се вели дека заради единството на народот, територијалниот интегритет и безбедноста на Турција, ТВС спроведува акции во борбата против тероризмот на територијата на земјата и од другата страна на границите, во рамките на Уставот и законските регулативи.
„Независно дали е ден или ноќ, без оглед на сите тешкотии, покажувајќи ја својата пожртвуваност и храброст, рамо до рамо со жандармеријата, полицијата и локалните безбедносни сили, ги продолжуваме акциите што резултира со воспоставување контрола врз руралните подрачја на државата. На тој начин ќе се намалат можностите за акции на сепаратистичката терористичка организација и во голема мера ќе бидат спречени нивните подготовки за зимскиот период“, се вели во соопштението на Генералштабот на турската армија.
Во соопштението се вели дека акциите се спроведуваат со цел да се елиминираат терористичките напади со рачно изработени експлозивни направи и самоубиствени напади од страна на терористите кон граѓаните на Турција.
„ТВС заедно со членовите на безбедносните сили ги преземаат сите потребни превентивни мерки за да се заштити народот на Турција. Операциите се планираат за таа намена и ќе продолжат со упорност и одлучност, сѐ додека не биде неутрализиран и последниот терорист“, се вели во соопштението на Генералштабот на турската армија.