Sinan Polat
23 Јули 2016•Ажурирај: 24 Јули 2016
АНКАРА (AA) - Во оружениот напад кој вчера се случи во германскиот град Минхен, меѓу загинатите се и тројца Турци, пренесува Anadolu Agency (AA).
Информацијата дека меѓу загинатите во оружениот напад во Минхен се наоѓаат тројца Турци, ја потврди министерот за надворешни работи на Република Турција Мевлут Чавушоглу.
Во синоќешниот напад на трговски центар во Минхен загинаа најмалку 10 луѓе, меѓу кои и напаѓот, 18-годишниот германски државјанин со иранско потекло. Полицијата соопшти дека и понатаму трага за мотивите на овој напад во кој е повредено 21 лице.
Видео снимките од нападот кои се прилажани на германските телевизии го прикажуваат напаѓачот како пука на луѓето пред ресторан за брза храна во непоследна близина на трговскиот центар. Полицијата наведе дека напаѓачот уби најмалку девет лица, додека 21 по ранувањето се префрлени во болница.