Yusuf Özcan,Hasan Esen
23 Декември 2018•Ажурирај: 23 Декември 2018
ПАРИЗ (AA) - Во текот на протестите на „жолтите елеци" во Париз, во вечерните часови во сабота, дојде до судири помеѓу демонстрантите и полицијата во улицата Жанзелизе, јавува Anadolu Agency (AA).
Запрено беше и сообраќај на камиони на границите. Неколку групи на „жолтите елеци" повикаа на протести ширум Франција, шеста сабота по ред, но одзивот опадна, веројатно поради Божиќните и Новогодишните празници.
Сепак, во Париз на улиците излегоа околу 800 лица, соопштија безбедносните сили. Полицијата интервенираше со солзавец и пендреци со цел спречување на демонстрантите да дојдат до безбедносни точки. Дојде и до напнатоста пред зградата на градската управа на Париз. Полицата на камењата и боците возврати со солзавец.
Една група демонстранти шеташе од црката Монтмартле до плоштадот Опера. Извикуваа слогати против претседателот на земјата Емануел Макрон. Поради протестите во тој дел на Париз од време на време беше отежнат и сообраќајот.
Во улицата Шанзелизе која во теко на денот беше мирна, во вечерните саати дојде до нереди. Околу 400 демонстранти дојдоа до судир со полицијата која употреби солзавец и водени топови. Приведени се некои лица.
Од синоќа до денес блокирани се околу 200 патишта во земјата.
Според податоците на Министерството за внатрешни работи на Франција денеска беа околу 38.600 лица, а само во Париз 2.000. Тоа е значително помала бројка во однос на протестите од минатата недела кога на француските улици беа околу 66.000 демонстранти. Приведени се повеќе од 140 лица.
Во петокот едно лице го загуби животот, со што бројот на мртвите е зголемен на 10. До сега се приведени 4.341 лице, а повредени повеќе од 1.000 лица.
Стотици демонстранти се собраа во сабота и пред куќата на францускиот претседател Емануел Макрон.
„Жолтите елеци" од 17 ноември во многу градови, воглавно во престолнината Париз, организираат масовни протести.
Движењето „жолти елеци" кои го носат името по безбедносните флуоросцентни елеци, кои во автомобилите мора да ги имаат сите возачи во Франција, одржува протести петта сабота по ред. Протестите почнаа кон средината на ноември против најавеното зголемување на данокот на горивото.