Ivana Ramadanova
23 Декември 2015•Ажурирај: 24 Декември 2015
СКОПЈЕ (АА) - На Правниот факултет во Скопје денеска за прв пат се одржа Граѓански суд, кој преку симулирано судење има цел целосно да ја реанимира улогата на граѓанското општество во државата, јавува Anadolu Agency (AA).
Незадоволни од функционирањето на институциите, невладини организации формирaa симболички суд на правда на граѓанското општество – "Tribunus Civilis" во кој учествуваат личности кои се истакнале со својот професионален и човечки кредибилет, меѓу кои има адвокати, јавни интелектуалци, професори, лекари, новинари, граѓански активисти, студенти, претставници на невладини организации и други граѓани. Иако "Tribunus Civilis" нема никакви правни и извршни ингеренции, на едно симболичко рамниште, тој ќе работи од името на граѓаните и само за граѓаните, а со цел правдата да добие минимална видливост велат од "Tribunus Civilis".
"Ќе бидат организирани повеќе сесии каде што ќе бидат присутни и филозовски расправи, а од особена важност ќе биде темата за криминалното замолчување која што е дел од концептот за транзициската правда. Важно е дека со ваквите судови се сака одново воспоставување на правдата и тие постојат во насока на реанимација на правдата и активирање на граѓанското општество во најширока смисла на зборот", рече активистката Ана Чупеска.
Иако Tribunus Civilis нема никакви правни и извршни ингеренции, на едно симболичко рамниште, тој ќе работи од името на граѓаните и само за граѓаните, а со цел правдата да добие минимална видливост велат од "Tribunus Civilis". "Tribunus civilis" ќе биде важен катализатор на тразитирањето и демократизацијата на македонското општество и има намера да врши притисок врз партиите, во насока тие да не ја заборават правдата. Затоа, ќе работи целосно независно од партиските преговарања. Судот има намера целосно да ја реанимира улогата на граѓанското општество во Македонија, и него да го постави како главен фактор наспроти државата и партиите.