Besar Ademi
02 Март 2018•Ажурирај: 03 Март 2018
СКОПЈЕ (АА) - Група граѓани со иницијатива преку социјалните мрежи се собраа пред зградата на Јавното обвинителство на Македонија, со барање делото во случајот во кој беше убиени четиригодишниот Алмир Алиу од Куманово да не биде преквалификуван од „убиство со умисла” во „сообраќајна несреќа со смртен исход”, јавува Anadolu Agency (AA).
Групата граѓани кои протестираа, се собраа со мотото „Правда за Алмир“, симболично истурија земја пред влезот на Јавното обвинителство, барајќи праведно судење за Алмир и одговорност за неговото убиство.
Анита Латифи, која е дел од иницијативата за протестите со кои се бара правда за Алмир, потенцирајќи дека ова е втор пат што на овој начин се бара од обвинителите да донесат одлука како што предвидува законот и правдата, рече дека околу случајот за кој станува збор „сведоци се на едно непрофесионално, не праведно и пристрасно судство“.
„Наместо да бидеме сведоци на завршување на случајот на Алмир со заслужена казна за сторителот на делото убиство со умисла, ние сме сведоци на огласување за продажба на оружјето со кое беше убиен четиригодишниот Алмир“, нагласи Латифи, осврнувајќи се на возилото со кој беше згазен 4-годишното дете од Куманово.
Основното обвинителство во Куманово, нагласи Латифи, наместо да го заплени возилото, истото му го вратило на семејството на обвинетиот.
„Поради начинот како е извршена оваа истражна процедура, елиминирање на докази, односно оружјето со кого е извршено убиството, пристрасноста на јавниот обвинител за време на процедурата, пренесување на квалификацијата на предметот од Основното обвинителство во Куманово кон Вишото и Републичкото обвинителство, односно поради саботажа на правдата во случајот на Алмир, бараме исклучување на јавната обвинителка од Основното обвинителство во Куманово, Сузана Кусигерска“, додаде Латифи.
Според организаторите на иницијативата, преку преквалификација на случајот се цели намалување на можната казна, бидејќи Кривичниот законик предвидува казна од најмалку 4 години затвор за несреќа, а најмалку 10 години за „убиство со умисла”.
Инаку, настанот кој резултираше со смртта на Алмир Алиу се случи на 25 јуни, 2016 година, кога обвинетиот го удри со автомобил четиригодишното дете заедно со неговите родители, по расправа помеѓу родителот на Алмир и обвинетиот.
Алмир помина околу една недела на интензивна нега, додека на 2 јули почина на клиниката во Скопје. Настанот во тоа време предизвика бројни реакции и револт во јавноста.