Ekip
02 Март 2018•Ажурирај: 03 Март 2018
ПРИШТИНА/СКОПЈЕ/ТИРАНА (АА) - Во споредба со Македонија и Албанија, во 2017 година Косово има најголем број сообраќајни несреќи, со вкупно 6.512 регистрирани сообраќајни несреќи, потоа следуваат Македонија со 4.019 и Албанија со 1.978 сообраќајни несреќи, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите од надлежните институции на трите соседни земји на Балканот до кои дојде Anadolu Agency (AA), минатата година како резултат на сообраќајни несреќи во Албанија животот го загубиле 222 лица, во Македонија 155, а во Косово 137 лица.
Од информациите добиени од полицијата на Косово, земјата каде што се забележани најголемиот број несреќи, 137 лица загинале во 122 сообраќајни несреќи, а 12.645 лица биле повредени во останатите 6.390 сообраќајни несреќи.
Според податоците на полицијата на Косово, ако се земат предвид несреќите заедно со настанатите штети, во 2017 година се регистрирани 17.695 случаи, број којшто е помал во споредба со 2016 година, кога биле регистрирани 18.541 случај.
Полицијата како една од најчестите причини за несреќите во оваа земја го смета несигурното управување со возилото односно невнимание, неприспособување на брзината со условите на патот, и неправилно претекнување.
- Македонија: 2017 година со поголем број несреќи во споредба со 2016 година -
Според официјалните податоци на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија во 2017 година се регистрирани вкупно 4019 сообраќајни незгоди.
Од нив, 137 сообраќајни незгоди биле со жртви, а 3.882 сообраќајни незгоди со повредени лица.
Според статистиката на МВР, во сообраќајките во 2017 година имало 6.379 настрадани лица, од кои 155 лица се загинати, а 6.224 биле повредени.
- Брзото возење е најчеста причина за собраќајните несреќи -
Податоците на МВР покажуваат дека според причината за незгодите, најголем дел од сообраќајките во 2017 година биле поради грешки на возачите (3918 случаи), а во 101 случај причина за сообраќајната несреќа била грешка на пешаците.
Според овие податоци, како најчести причини за сообраќајните несреќи се брзото возење, непочитување на првенство на минување, недржење правец на движење, неправилно свртување и управување на возилото под дејство на алкохол.
- Повеќе сообрајќајни незгоди во 2017 во споредба со 2016 година -
Во 2016 година се регистрирани 115 сообраќајни незгоди помалку во однос на 2017 година односно 3904 сообраќајки, во кои имало 165 жртви, а 5971 лице биле повредени.
- Поголем број од несреќите во Албанија е направен од страна на возрасната група од 25 до 35 години -
Според податоците на Институтот за статистики на Албанија (ИНСТАТ), Албанија со вкупно 1.978 регистрирани несреќи и 222 загубени животи, забележа пад во несреќите од 2,7 отсто во споредба со 2016 година, кога биле регистрирани 2.509 несреќи. Бројот на загинати во 2016 годна, исто така, бил поголем за 47 лица од бројката во 2017 година и изнесува 269 жртви.
Податоците на ИНСТАТ покажуваат дека бројот на повредени лица во вкупниот број регистрирани сообраќајни несреќи во 2017 година изнесува 2.389.
Од ИНСТАТ велат дека најчестите причини за несреќи во 2017 година биле како резултат на однесувањето на возачот, и тоа 81,3 отсто од вкупниот број на несреќи, а најголемиот број несреќи се направени од страна на возрасната група од 25 до 35 години.
Главните причини за сообраќајни несреќи во Албанија се непочитување на брзината, непочитување на сообраќајните знаци од страна на возачите, како и консумирање алкохолни пијалаци.