Zehra Ulucak
19 Септември 2017•Ажурирај: 20 Септември 2017
АНКАРА (АА) - Островот Доминика, кој по ураганот Ирма е погоден од нов ураган, Марија, се соочува со едно од најголемите уништувања вo својата историја, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на „BBC“ (Би-би-си), премиерот на Доминика, Рузвелт Скерит, пренесе дека земјата се соочува со голема штета под налетот на новиот ураган.
„Изгубивме сѐ што може да се купи со пари“, напиша Скерит во една објава на социјалните мрежи.
Премиерот Скерит, претходно на социјалните мрежи објави дека оштетен е покривот на неговата куќа, е дека куќата е поплавена. Исто така, додаде дека за среќа останал жив.
Сѐ уште не се знае дали има жртви или повредени во ураганот.
Националниот центар за урагани на САД (НХЦ) соопшти дека јачината на ураганот Марија е зголемена на „петтата категорија“.
НХЦ соопшти дека ураганот Марија со брзина од 260 километри на час го погоди островот Доминика на Карибите, а потоа новиот ураган ќе продолжи да се движи кон Карипските Острови, кон југозападниот дел на САД, особено кон Флорида, и ќе следи слична рута како Ирма.
Ураганот Ирма на почетокот од месецот одзеде повеќе животи на истата рута, а тој ги погоди Флорида, Џорџија, Алабама, Јужна и Северна Каролина во САД. Како резултат на тоа, околу седум милиони лица беа евакуирани.
Во островската земја Доминика, која се наоѓа во источниот дел на Карибите, живеат околу 72.000 жители.