İlkay Guder
19 Септември 2017•Ажурирај: 19 Септември 2017
ЊУЈОРК (АА) - Заради учество на 72. Генерално собрание на Обединетите нации, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, престојува во Њујорк каде што се сретна со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, јавува Anadolu Agency (AA).
Средбата беше затворена за медиумите и траеше околу 40 минути.
За време на својот престој во САД, турскиот претседател се сретна и со Илхан Омар, членка на Претставничкиот дом на сојузната држава Минесота.
Турскиот претседател Ердоган во Њујорк оствари средби и со претставници на еврејски организации, а одржа средба и со членови на Институтот СЕТА (Фондација за политички, економски и социјални истражувања, сектор за образование и обука).