Jeyhun Aliyev
07 Јануари 2019•Ажурирај: 08 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Турското Обвинителство издаде налози за апсење на 100 војници во активна служба поради нивна поврзаност со терористичката ФЕТО, организација што стои зад неуспешниот обид за државен удар во јули 2016 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Според Главното јавно обвинителство во Анкара, налозите се издадени за припадници на Командата на Турските копнени сили.
Осомничените се обвинети за периодично и последователно комуницирање со припадници на ФЕТО преку јавни телефонски говорници.
ФЕТО и нејзиниот водач, Фетула Ѓулен, кој живее во САД, стојат зад обидот за државен удар на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
Терористичката организација ФЕТО стои и зад долгогодишната кампања за соборување на државниот поредок преку нејзино инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и во судството.