Mehmet Tosun
06 Јануари 2019•Ажурирај: 07 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин, денска објави писмено обраќање во кое вели „Сосема е надвор од ум тврдењето дека Турција за цел ги зема Курдите. Цели на Турција се терористичките организации ДЕАШ и ПКК/ПЈД/ЈПГ“, јавува Anadolu Agency (AA).
Калин денеска објави писмено обраќање во врска со целите на Турција во борбата со тероризмот, во кое истакнува дека тие се однесуваат на осигурувањето на националната безбедност, регионалниот мир и безбедноста.
Потсетувајќи дека Турција е единствена земја, членка на НАТО која истовремено се бори против терористичката организација ПКК и нејзините ограноци ЈПГ и ПЈГ во Сирија, ДЕАШ и ФЕТО, Калин во својот текст наведува дека Турција ќе се координира со своите сојузници и земјите од регионот во борбата против тероризмот, потенцирајќи дека на одлучен начин ќе бидат спроведени потребните политики за националната безбедност.
Калин посочува дека политиката на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган „ќе бидеме на терен, ќе бидеме и на маса“, отворено покажува дека за националниот интерес Турција во секој момент е отворена и за воени и за дипломатски патишта.
Истакнувајќи дека целта на Турција е Сирија во потполност да биде исчистена од терористичките организации, да се заштити нејзиниот територијален интегритет и обезбедувајќи политички и општествени услови, да се осигураат животите на цивилите и овозможи нивното враќање во своите земји, Калин го подвлече следното:
„Под маската на борбата против ДЕАШ, ПЈД и ЈПГ, кои се ограноци на ПКК во Сирија, водат сепаратистичка агенда и не можат да ги претставуваат сириските Курди. Тврдењата дека една терористичка организација ги претставува Курдите, пред сѐ претставуваат непочитување кон нашите курдски браќа. Една од целите на борбата на Турција против ПКК и нејзините ограноци во Сирија е спас на Курдите од тиранијата и притисоците на терористите, и гаранции за безбедноста на животите и имотите.
„Сосема е надвор од ум тврдењето дека Турција за цел ги зема Курдите. Цели на Турција се терористичките организации ДЕАШ и ПКК/ПЈД/ЈПГ. Станува збор за терористички акти насочени кон Турција и поредок што ПКК/ПЈД/ЈПГ настојуваат да го воспостават со тиранија над Курдите, кои не се нивни припадници. Една терористичка организација не може да биде сојузник на САД“, нагласува Калин.
Тој во продолжение наведува дека Турција одлучно ќе продолжи во своите напори за ставање крај на војната во Сирија, осигурувајќи ја безбедноста и имплементацијата на процесот за политичка транзиција во земјата, без да се прави разлика меѓу сириските браќа според религиската, етничката припадност или пак според припадноста по секти.
Од друга страна, Џон Болтон, советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека повлекувањето на американската војска од Сирија има одредени предуслови. Болтон за повлекувањето на САД од Сирија рече дека тоа во потполност зависи од добивањето гаранции од страна на Турција за безбедноста на „курдските борци“, мислејќи на терористичката организација ЈПГ/ПКК, како и на победата над ДЕАШ.