Ekrem Payan
26 Септември 2016•Ажурирај: 27 Септември 2016
ШИРНАК (АА) – Во напад што го изведоа терористите на терористичката сеператистичка организација ПКК врз војниците кои го обезбедуваат патниот правец Ширнак – Ван загинаа 6 лица, а двајца војници се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Од безбедносни извори се дознава дека на патниот правец Ширнак – Ван, кој е во изработка, терористите на ПКК извршиле напад врз војниците кои го обезбедувале патот.
Во нападот загинаа 6 војници, а двајца се ранети.
Во областа продолжува операцијата за пронаоѓање на терористите.