Ekipa
26 Февруари 2018•Ажурирај: 27 Февруари 2018
ИДЛИБ/АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили (ТСК) и Слободната војска на Сирија во продолжението на операцијата „Маслинова гранка“ денес ослободија уште две села од терористите на границата со Сирија, во подрачјето на Африн, со што и целосно го прекинаа контактот на терористите со турската граница во тој регион, јавува Anadolu Agency (AA).
Репортерот на АА од теренот известува дека турската војска и силите на сириската опозиција денес од терористите на ЈПГ/ПКК- ДЕАШ ги ослободија селата Долна и Горна Синара во подрачјето на Шеик Хадид, кој југозападно од градот Африн лежи близу сириско-турската граница.
Во текот на денешниот ден, турските сили го ослободија и соседното село Карманлук, со што терористите на ЈПГ/ПКК-ДЕАШ се оддалечени од турско-сириската граница по должината на линијата на разграничување во тој регион.
Северозападниот сириски регион на Африн се граничи со турските области Хатај и Килис. Овој дел од границата во форма на полумесечина од денес е во целост под контрола на турските сили и Слободната сириска војска.
Од почетокот на операцијата „Маслинова гранка“, турските сили и Слободната сириска војска од терористите ослободија најмалку 115 стратешки важни места, вклучувајќи центар на еден град, 93 села, 20 планини или ридови и едно подрачје со терористички камп.
Досега во операцијата се неутрализирани најмалку 2.059 терористи.