Burak Milli,Hüseyin Yıldız
19 Јануари 2018•Ажурирај: 20 Јануари 2018
ХАТАЈ (АА) - Турските вооружени сили (ТСК) гранатираа денес позиции на терористичката организација ПЈД/ПКК на северозападниот дел на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Турската артирелија одговори на огнот од подрачјето на Сирија и најмалку во десет наврати изврши артирелиски напади со хаубици сместени во периферните делови на Хатај.
ПЈД е сириски огранок на ПКК која е на листа на терористички организации во Турција, САД и ЕУ.
Во вооружената терористичка кампања која ПКК ја води против турската држава од осумдесетитте години се убиени околу 40 000 лица.
Турција неодамна најави воена акција на Африн, северозападниот дел на Сирија, во регионот кој граничи со турските области Хатај и Килис. Се работи за регион кој силите на сирискиот режим на Башар ал Асад без борба го предадоа под контрола на терористичката организација ПЈД/ПКК, а во регионот моментално се наоѓаат меѓу осум и десет илјади терористи.