Murat Karadağ,Zuhal Demirci,Ali H. M.Abo Rezeg
19 Јануари 2018•Ажурирај: 20 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Зухал Демирџи - Симболот на палестинскиот отпор по спорното американско признавање на Ерусалим (Кудс) за главен град на Израел, 16 годишниот Февзи ал Џунејди, изјави дека ќе продолжи со отпорот кон окупацијата на палестинската територија, јавува Anadolu Agency (AA).
Џунејди при посета на Управата на АА изјави дека ќе продолжи со праведниот отпор кон израелските окупатори.
Тој истакна дека заедно со отпорот ќе го продолжи и своето образование.
„Израелските власти ме уапсија со цел заплашување и спречување на другите палестински деца да се приклучат на отпорот. Меѓутоа, не успеаја во тоа“, раскажа Џунејди.
Тој потсети и на деновите поминати во заробеништво, наведувајќи дека израелските војници употребиле насилство. Ова 16-годишно момче изјави дека го удирале и дека во приведувањето учествувале многу поголем број војници отколку што било прикажано на фотографијата која го обиколи светот.
Тој истакна дека се обиделе да го заплашат со закани ударајќи го секоја вечер во вратата од ќелијата во која се наоѓал.
Џунејди потсети дека во затворот поминал 22 дена. По ослободувањето, добил дозвола дека може да излезе од земјата.
„Така прво дојдовме во Турција. Видовме колку не сака турскиот народ“, раскажа палестинското момче.
Тој се осврна и на средбата со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, велејќи дека му е многу драгоцен моментот кога Ердоган му кажал дека станал симбол на трпение и отпор на палестинскиот народ.
Станува збор за момче кое израелските сили брутално го уапсија на 7 декември во Хеброн, каде што се одржуваа протести по повод американското признавање на Ерусалим (Кудс) за главен град на Израел.
Фоторепортерот Висам Хашламун направи фотографија од тоа апсење, на која се гледа како голем број вооружени војници го носат момчето со превез на очите.
Токму таа фотографија ја освои првата награда на натпреварот за Избор за најдобра фотографија на АА за 2017 година.
Израелскиот воен суд Офер го пушти Ал Џунејди да се брани од слобода, откако за него беше платена кауција, а новото рочиште е закажно за 19 февруари.
Ал Џунејди во Анкара беше примен и во кабинетите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и турскиот премиер, Бинали Јилдирим.
За време на приемот, Ердоган ја покажа фотографијата на фоторепортерот Хашламун и истакна дека лично учествувал во изборот за Најдобра фотографија на АА за минатата година и дека гласал токму за таа фотографија.