Mohamad Misto
19 Јануари 2018•Ажурирај: 19 Јануари 2018
АЗАЗ (АА) - Единиците на руската воена полиција распоредени во сириски Африн денес попладне започнаа да се повлекуваат од тој регион во пресрет најавената офанзива на турската војска на припадниците на терористичката организација ПЈД/ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што потврдија за АА локалните извори, припадниците на руската воена полиција распоредени во селото Кефер Јане, започнаа во групи да го напуштаат тоа подрачје.
Повеќе десетици припадници на руските сили по излез од селото се сместени во населбите Нубул и Зехра, контролирани од страна на силите лојални на сирискиот претседател Башар ал Асад. Дел од единиците на руската воена полиција е и понатаму во Африн.
Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Турција, армискиот генерал Хулуси Акар и шефот на разузнавачката служба Хакан Фидан престојуваа вчера во посета на Москва каде ги прими врховниот командант на руската војска, генералот Валери Герасимов.
Турските вооружени сили (ТСК) гранатираа денес позиции на терористичката организација ПЈД/ПКК на северозападниот дел на Сирија. ПЈД е сириски огранок на ПКК која е на листа на терористички организации во Турција, САД и ЕУ.
Во вооружената терористичка кампања која ПКК ја води против турската држава од осумдесетитте години се убиени околу 40 000 лица. Турција неодамна најави воена акција на Африн, северозападниот дел на Сирија, во регионот кој граничи со турските области Хатај и Килис.
Се работи за регион кој силите на сирискиот режим на Башар ал Асад без борба го предаа под контрола на терористичката организација ПЈД/ПКК, а во регионот моментално се наоѓаат меѓу осум и десет илјади терористи.