Eshat Fırat
19 Јануари 2018•Ажурирај: 20 Јануари 2018
КУДС (АА) - Израелската полиција приведе шест турски државјани кои го посетија Месџид ал-Акса во Ерусалим (Кудс), пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од очевидците, Израелската полиција по клањање на џума намаз (петочна молитва) во Месџид ал-Акса привела шест турски државјани во кои излегувале од Харем-и Шериф.
Исто така, се истакнува дека приведените турски државјани биле пренесени во полицискиот центар Давид кој се наоѓа на вратата Ел-Халил на Стариот Град кој се наоѓа во Месџид ал-Акса.
Израелската полиција потврди дека турските државјани се приведени, но не даде изјава околу причината на приведувањето.
Амбасадата на Турција во Тел Авив, и генералниот конзулат на Турција во Ерусалим (Кудс) вниамтелно го следат овој случај.