Kemal Zorlak
19 Јануари 2018•Ажурирај: 21 Јануари 2018
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател, Владимир Путин се искапе во студената вода на езерото Селигер, по повод традиционалната прослава на празникот Водици, јавува Anadolu Agency (AA).
Во знак на одбележување на овој пранзик, Путин во Тверската област, северно од Москва, и пријде на водата во крзнен капут, а потоа влезе во студената вода и се прекрсти.
Овој чин е извршен со присуство на престатвникот на Руската православна црква, а беше пропратено од голем број на претставници на медиуми.
Традиционалната прослава на Водици е одбележана и ширум Русија но и во другите делови на светот, каде православните верници се капеа во студената вода.