Ömer Koparan,Mohamad Misto
19 Јануари 2018•Ажурирај: 20 Јануари 2018
АЗАЗ (АА) - ОМЕР КОПАРАН/МОХАМАД МИСТО - Претставниците на болницата во Азаз погодена од сирискиот регион Африн од страна на терористичката организација ПЈД/ПКК, велат дека оваа организација користи исти методи како режимот на Башар ал Асад, јавува Anadolu Agency (AA).
Продолжува лекувањето на повредените во нападот извршен со аритилериско оружје во болниците во сирискиот град Азаз од страна на ПЈД/ПКК.
Мунир Рамазан од психијатриската болница каде се лекуваат околу 200 пациенти со ментални болести во Азаз ој е под контрола на опозицијата, во изјава за АА истакна дека во нападот се повредени 15 жени пациенти со ментални болести, и додаде дека една од жените која биле тешко повредена, починала изутрина.
„Ноќва седевме кај машкиот дел на вторит кат. Кога ја слушнавме експлозијата, мислевме дека е погодено некое место близу нас. Кога слеговме долу, видовме дека беше погден женскиот дел. Дојдоа бројни лица од околина. Пациентите ги извадивме надвор и ги пренесовме во други болници. Се случи една паника. Сите повредени се жени. Предизвика голема паника. Женскиот дел целосно се сруши. Седум повредени лица се во тешка состојба. Дел од нив беа пренесени во болниците во Турција“, рече Рамазан.
Рамазан вели дека пациентите се уплашени, и дека не спиеле. „Чудно е што ПКК ги погодува лицата со ментални болести кои немаат врска со војната“, додаде тој.
60 деца од домот за сираци во Азаз каде паднала бомбата на задната страна на психијатриската болница, се спасиле бидејќи за среќа за време на нападот не биле присутни во болницата.
Во нападот кој го изврши ПЈД/ПКК од Африн, е оштетена и болницата Ехли во Азаз поддржана од страна на турското Министерство за здравство.
„ПКК е сепаратистичка сила. Нема врска со човештво. Затоа секој пат со артилерии и ракети ги погодуваат цивилите. Милитантите на режимот и ПКК имаат ист менталитет. Нашата болница е многу значајна за Азаз. Ние годишно им даваме услуга на околу 600 илјади пациенти. По нападот стопиравме дел некои од нашите услуги“, истакна за АА Ебу Мухаммед Шехаби, претставник на болницата.
Зекерија Мубарак, админситративен директор на болницата за гинекологија и акушерство во Азаз во чија близина падна артилериски куршум за време на терористичкиот напад, нагласи дека експлозијата предизвикала голема паника.
„Погодување на болниците е метода на Асадовиот режим. Режимот претходно два пати ја нападна нашата болница. Истото го прави и ПЈД“, рече Мубарак, истакнувајќи дека месечно даваат услуга на околу 9.000 пациенти, додека околу 600 бебиња месечно се раѓаат тука.