Betül Yürük
19 Јануари 2018•Ажурирај: 20 Јануари 2018
ЊУЈОРК (AA) - Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека САД во Сирија се обидува да формира алтернативни сили, јавува Anadolu Agency (AA).
„Изразуваме загриженост поради изјавите на САД за формирање на гранични сили на безбедност во Сирија. САД се обидува да формира алтернативни сили во Сирија", рече Лавров на конференцијата за медиуми во седиштето на Обединетите нации во Њујорк.
На новинарско прашање за самиот обид за формирање на алтернативни сили, истакна дека таков обид воопшто не е во согласност со претходните ветувања на САД.
„Се обидуваат да формираат алтернативни сили, а тоа е спротивно со ветувањата кои претходно ги дадоа во врска со територијалниот интегритет на Сирија", рече рускиот министер за надворешни работи.
На прашањето кое се однесува на почеток на повлекување на војниците од Африн, рече дека тоа претходно не го демантирал.