Eşref Musa
21 Април 2018•Ажурирај: 23 Април 2018
ИДЛИБ/АФРИН (АА) - Турските вооружени сили (ТСК) отворија болница за итна помош во Џиндерес, во подрачјето на Африн, северозападна Сирија, која се состои од одделите педијатрија, интерна медицина, физикална терапија и оддел за уво, нос и грло, јавува Anadolu Agency (AA).

Во оваа болница во Џиндерес, кој беше ослободен од терористите на ЈПГ/ПКК од страна на Турските сили и Слободната војска на Сирија (ССВ), се нудат бесплатно лекување и лекови.

Покрај одделите за педијатрија, интерна медицина, физикална терапија, како и одделот за уво, нос и грло, во болницата се нудат и лабораториски и радиолошки услуги.

Во оваа болница се наоѓаат и специјалисти по ургентна медицина, анестезиолози, офталмолози и специјалисти по општа хирургија, а се очекува да се отворат и оддели за стоматологија и акушерство.