Ekipa
21 Април 2018•Ажурирај: 21 Април 2018
ЛОНДОН (АА) - Кралицата Елизабета II со концерт во Лондон го одбележува својот 92. роденден, јавува Anadolu Agency (AA).
Стинг, Том Џонс, Крег Дејвид и Кајли Миног се само дел од музичките ѕвезди кои ќе настапат во Ројал Алберт Хол, по повод прославата „Queen's Birthday Party“.
Се очекува вечерва на прославата да се обрати принцот Хари како претседател на „The Queen's Commonwealth Trust“. Кралицата секоја година одбележува два родендена.
Всушност, родена е на 21 април, и овој датум го одбележува во кругот на семејството. Нејзиниот „официјален“ роденден е во лето. Тоа обично е втората сабота во месец јуни, кога ѝ се придружува на воената парада „Trooping the Color“ во центарот на Лондон.
Родена е како прво дете во бракот на Алберт, војводата од Јорк и Елизабета, војвотката од Јорк. Нејзиниот татко беше вториот син на кралот Џорџ V и кралицата Мери.
Во моментот на раѓањето на кралицата, тогашното кралство на Елизабета од Јорк, била трета во наследната лоза, зад стрикото Едвард и својот татко Алберт. Нејзиното раѓање предизвика интерес кај јавноста, но немаше причини за верување дека би можела да го наследи тронот.
Имено, нејзиниот стрико Едвард бил престолонаследник за кого се веруваше дека ќе стане крал и ќе има потомство кое ќе го наследи. Едвард стана крал по смртта на дедото на Елизабета, но се откажал (абдицирал) од престолот, а Елизабета немаше браќа кои би можеле да ѝ ја загрозат позицијата на наследничка, што значи дека Елизабета ќе станела кралица во секој случај.
Во 2007 година, кралицата Елизабета II стана најстар владеечки британски монарх, преземајќи ја позицијата од својата прабаба, кралицата Викторија.
Првите десетина години од нејзиното владеење се одбележани со постепено исчезнување на Британското царство од кои настанаа народите на Комонвелтот. Трендот на осиромашување на земјата, на одреден начин е прекинат за време на премиерските мандати на Маргарет Тачер и Тони Блер.