свет

Британската кралица Елизабета II го слави својот 93. роденден

Елизабета II е актуелна кралица на голем број земји, меѓу кои се Велика Британија, Канада, Австралија, Нов Зеланд, Јамајка, но и Папуа Нова Гвинеја...

Tayfun Salcı  | 21.04.2019 - Обновена : 22.04.2019
Британската кралица Елизабета II го слави својот 93. роденден

ЛОНДОН (АА) - Елизабет Александра Мери Виндзор, попозната како кралицата Елизабета II, денес го слави својот 93. роденден, со што е најстариот владеечки британски монарх, јавува Anadolu Agency (AA).

За време на нејзиното владеење, односно од 6 февруари 1952 година, во Велика Британија се сменија 13 премиери.

Исто така, Елизабета II е актуелна кралица на голем број земји, меѓу кои се Велика Британија, Канада, Австралија, Нов Зеланд, Јамајка, но и Папуа Нова Гвинеја. Ако се земат предвид сите земји чијашто кралица е, за време на нејзиното владеење се сменети 150 премиери на држави. 

Елизабета II во 2015 година со навршени 89 години стана монарх кој најдолго владеел, и така зад себе ја остави кралицата Викторија.

Со самиот факт што е кралица - монарх кој најдолго владеел, нејзиниот син, принцот од Велс, Чарлс (70) е престолонаследник кој најдолго чека на тронот во Обединетото Кралство.

Сѐ пореткото присуство на церемонии и програми доведе до шпекулации за здравјето на кралицата. Во изминатите три години кралицата се соочи со низа здравствени проблеми. Тоа што одредени одговорности префрли на другите членови на кралското семејство, предизвика коментари дека кралицата може да се пензионира.

Доколку кралицата Елизабета II отстапи од тронот, ќе ја наследи принцот Чарлс. Во тој случај, тој би бил и најстариот монарх кој стапил на тронот. 

Во редот за тронот, по принцот Чарлс се наоѓаат неговиот син Вилијам и внукот Џорџ.

Кралицата е родена на 21 април 1926 година, а секоја година одбележува два родендена. Оној на денот кога е родена во кругот на семејството и другиот кој со церемонија се прославува во јуни. Свеченото одбележување на роденденот започна за време на кралот Едвард VII, кој владееше од 1901 до 1910 година. Имено, кралот е роден во ноември, кога временските услови не се најдобри за церемонија на отворено поради што е предложено прославувањето да се одржува во мај или јуни.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.