Ali H. M.Abo Rezeg
21 Април 2019•Ажурирај: 21 Април 2019
КАРТУМ (АА) - Соборениот судански претседател Омар ал Башир претрпе помал мозочен удар, јавува Anadolu Agency (АА).
Медицински извор, кој е еден од докторите кои го лекуваат Ал Башир, изјави дека состојбата на Ал Башир сега е стабилна.
Тој, сепак, рече дека психолошката состојба на Ал Башир постојано се влошува.
„Ал Башир одбива храна и лековите му се даваат сосила“, изјави тој.
Суданската војска, по повеќемесечни протести го собори претседателот Омар ал Башир, кој владееше со Судан од 1989 година.
По Ал Башир е распишана и меѓународна потерница бидејќи Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг го товари за злосторства против човештвото во текот на кризата во Дарфур.