Özcan Yıldırım
18 Јуни 2018•Ажурирај: 19 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили (TSK) и американските сили започнаа независни патроли меѓу Мунбич и подрачјето ослободено во операцијата „Штитот на Еуфрат“ во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Информацијата на Твитер ја објави Генералштабот на Турската војска.
„Во согласност со претходната Мапа на патот за Мунбич и безбедносните принципи, на линијата помеѓу подрачјето ослободено во операцијата „Штитот на Еуфрат“ и Мунбич од 18 јуни 2018 година, Турските вооружени сили (TSK) и Вооружените сили на Соединетите Американски Држави (САД) започнаа независни активности на патролирање“, се вели од Генералштабот.
Делегациите на Турција и САД кон крајот на мај во Анкара се договорија да изработат нацрт-план за решавање на случајот со Мунбич, според кој во неколку фази регионот треба да го напуштат терористите, а локалното население да ја преземе власта со поддршка на турските и американските сили.
На почетокот на јуни во Вашингтон се состанаа шефовите на турската и американската дипломатија, Мевлут Чавушоглу и Мајк Помпео, и ја потврдија Мапата на патот за воспоставување на безбедноста и стабилноста во Мунбич.