Турскиот министер за одбрана и шефот на МИТ во посета на Русија
Акар и Фидан утринава пристигнаа во Сочи, каде што се состанаа со руската делегација која ја предводеше министерот за одбрана, Сергеј Шојгу
Ankara
АНКАРА (АА) - Министерот за одбрана на Република Турција, Хулуси Акар и шефот на Турската разузнавачка служба (МИТ), Хакан Фидан, престојуваат во официјална посета во Руската Федерација, јавува Anadolu Agency (AA).
Акар и Фидан утринава пристигнаа во Сочи, каде што се состанаа со руската делегација која ја предводеше министерот за одбрана, Сергеј Шојгу.
На состанокот е разговарано за билатерални и регионални теми, со акцент на ситуацијата во сирискиот регион Идлиб за кој Турција и Русија претходно постигнаа договор за прекин на судирите и воспоставување демилитаризирана зона.
Посетата на високите турски официјални претставници на Сочи е еден ден по средбата на претседателите на двете земји, Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин во Истанбул.
Ердоган и Путин вчера присуствуваа и на церемонијата по повод завршувањето на изградбата на делот на гасоводот „Турски тек“, кој оди по дното на Црното Море.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.