Emrah Gökmen
03 Септември 2017•Ажурирај: 04 Септември 2017
МАЛАТИЈА (АА) - Турските безбедносни сили ја продолжија опсежната борба против терористичката организација ДЕАШ и во текот на месец август од слобода лишија вкупно 268 осомничени лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Еден од главните сегменти на борбата против ДЕАШ во Турција се зајакнатите безбедносни мерки на турските граници со цел да се спречи заминувањето или враќањето на терористите на боишта во Сирија и во Ирак.
Меѓу приведените лица ширум Турција, поголемиот дел се странски државјани, а со низа операции и претреси, турската полиција спречи и неколку терористички напади кои биле подготвувани.
Притвор е одреден за 48 лица и против нив е покрената судска постапка.
Меѓу уапсените се наоѓаат и тројца државјани на Ирак, кои пред три години како припадници на ДЕАШ учествувале во масакрот и погубувањето на 1.700 регрути на ирачката војска во касарната Спајкер.
Во антитерористичка операција во центарот на Истанбул уапсен е и белгиски државјанин со потекло од Алжир,Мехди А. и неговата сопруга Амина З.
Негов близок роднина беше еден од организаторите на низата терористички напади во Париз пред две години и истрагата против него би можела да открие нови детали за париските напади.