Sinan Özmüş
02 Септември 2017•Ажурирај: 03 Септември 2017
АНТАЛИЈА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, во врска со нападите врз муслиманите од Аракан соопшти дека денеска ќе оствари телефонски разговор со поранешниот генерален секретар на Обединетите нации (ОН) Кофи Анан. „Ја активиравме и Исламската организација за соработка. Оваа година ќе организираме самит за Аракан. Потребно е да изнајдеме решение за овој проблем”, изјави Чавушоглу, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот Чавушоглу за време на бајрамската програма на АК партијата во Кемер, Анталија, рече дека во моментов Турција минува низ најтешкиот период од основањето на републиката, истакнувајќи дека околу земјата има прстен на оружени судири и дека државата се труди да се избори за прекин на овие судири.
- Ќе биде организиран самит за Аракан -
Зборувајќи за масакрот што се случува во Аракан, министерот Чавушоглу истакна дека на тие простори се спроведува прогон врз муслиманите. Тој нагласи дека во светот нема друга муслиманска земја која покажала сочувство за случувањата во Аракан.
Чавушоглу осврнувајќи се на разговорот со претставниците на Бангладеш рече: „Отворете ги вратите, ќе ги покриеме исте трошоци кои ќе ги направите” и продолжи:
„На нашите браќа од Аракан им ја даваме сета наша помош. Верувам дека правиме чекори за решавање на ова прашање. Почитуваниот претседател на Турција, Ердоган, деноноќно вложува напори за изнаоѓање решение. Синоќа разговараше со претседателите на Индонезија и на Малезија. Разговараше и со генералниот секретар на ОН, Гутереш. Според неговите инструкции, денес во 15.00 часот телефонски ќе разговарам со поранешниот генерален секретар на ОН, Кофи Анан. Планираме организирање на самит за Аракан. Мораме да изнајдеме решение за овој проблем”.
Од аспект на делењето хуманитарна помош во светот, Чавушоглу истакна дека Турција се наоѓа веднаш зад САД. Хуманитарната помош на САД изнесува 6,3 милијарди долари, додека Турција е втора со 6 милијарди долари.